Денот на Албанската азбука – 22 ноември, неработен за припадниците на албанската заедница

од Ивана Рамаданова
328 прегледи

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека, согласно Законот за празниците на РМ (,,Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 22 ноември 2019 година (петок), Денот на Албанската азбука, е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на албанската заедница им го честита Денот на Албанската азбука.

Слични содржини