Денот на независноста одбележан во македонскиот конзулат во Солун

од desk4
88 прегледи

  Со прием на македонските државјани кои живеат во Солун, во конзулатот на Република Македонија вчера беше одбележан денот на независноста, 8 Септември.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Канцеларијата за врски на Република Македонија во Атина, организира прием на 25 септември по повод 27-годишнината од независноста и 74-годишнината од државноста на нашата земја.

Приемот ќе биде и проштален за македонскиот амбасадор Дарко Ангелов, кој го завршува четиригодишниот мандат во грчката престолнина.