Денвер Нагетс и Филаделфија 76 поведоа своите серии откако синоќа ги совладаа Феникс Санс и Бостон Селтикс во петтиот натпревар од полуфиналето на Западната и Источната конференција, соодветно.
Денвер Нагетс на домашен терен го победија Феникс со 118-102, а до победата ги предводеше Никола Јокич со 29 поени, 13 скока и 12 асистенции. Брус Браун додаде 25 поени, а Мајкл Портер Џуниор и Џамал Мареј постигнаа по 19 поени.
Шестиот натпревар е во четврток навечер во Феникс.
Кај Феникс најдобар беше Кевин Дурент со 26 поени и 11 скока, Девин Букер постигна 28 поени, Деандре Ајтон постигна 14 поени и имаше девет скока.
По тесно прво полувреме, Денвер ја презеде контролата во третата четвртина. Нагетс, благодарение на серијата од 17-4, поведоа со 69-53 на почетокот на вториот дел и продолжија да ја зголемуваат предноста. По двете слободни фрлања на Мареј и погодокот на Јокич имаа водство од 20 поени на нешто помалку од пет минути до крајот (77-57) на третата четвртина.
Работите се вжештија на 37 секунди пред крајот на четвртиот дел од натпреварот кога Браун и Јокиќ „полетаа“ во близина на клупата на Феникс, а Дурант со лакт го удри Јокиќ, кој возврати.
Браун и Дурант добија техничка.
Филаделфија 76 го победија Бостон Селтикс со 115:103 во петтиот натпревар од полуфиналето на Источната конференција.
Џоел Ембид постигна 33 поени, зграпчи седум скока и блокираше четири шута и ги доведе Филаделфија 76 до водство од 3-2 во серијата. Тајрис Макси додаде 30 поени и седум скока за Филаделфија. Сиксерси можат да ја завршат серијата во четврток со натпреварот број 6 во Филаделфија.
Харден за Филаделфија постигна 17 поени и додаде десет асистенции и осум скока, додека во победата придонесе и Тобијас Харис со 16 поени и 11 скока.
Џејсон Тејтум го предводеше Бостон со 36 поени и десет скока. Џејлен Браун (24) и Маркус Смарт (14) беа единствените Селтикси кои постигнаа двоцифрени поени на натпреварот.
Сиксерси имаа контрола врз натпреварот од почетокот до самиот крај.