Денвер Нагетс победи против Портланд Трејлблејзерс со 121:113 во првиот натпревар од
Западната конференција на НБА.

Никола Јокиќ придонесе за успехот со 37 поени и 9 скока, Џамал Мареј додаде 23, додека Пол
Милсап – 19.
https://youtu.be/3e8AKyWXbfE
Најдобар стрелец во средбата беше бекот на Портланд, Демијан Лилард со 39 поени, а клубскиот
колега Енес Кантер постигна 26.
Денвер поведе во серијата и ќе биде домаќин на вториот натпревар.