„Дер Стандард“ во анализа за владеењето на правото на Балканот: Реформите се најуспешни во Северна Македонија

од Nikola Popovski
433 прегледи

Реформите се најуспешни во Северна Македонија, бидејќи тамошната Влада демонстрира политичка волја за тоа. Ова е дел од анализата објавена на угледниот „Дер Стандард“, во која се пишува за распределбата на пари на Европскта Унија и владеење на правото на Балканот.

„Правосудните одлуки во шесте земји најчесто се поткопани од политички или приватни интереси и од пополнувањето на функции. Токму затоа Европскиот суд на ревизори моментално прави ревизија за да покаже во кои области ЕУ успеала во подобрување на владеење на правото, а во кои не. Реформите се најуспешни во Северна Македонија, бидејќи тамошната Влада демонстрира политичка волја за тоа“, пишува авторот на анализата Аделхајд Вулфл.

Според него земјава во моментов е блокирана од Бугарија од чисто националистички причини, но добива премалку поддршка од државите на ЕУ, иако е единствената земја во регионот чија влада веродостојно напредува со реформите во последните години. Во мај, Верхеји очигледно сакаше да изврши притисок врз Северна Македонија да одговори на бугарските барања – ова вклучува толкување на историјата и јазикот. Висок функционер од Комисијата на ЕУ, кој би сакал да остане анонимен,за весникот изјавил: „Не разбираме што го погоди, секогаш сме велеле и секогаш ќе велиме дека: Северна Македонија ги исполни сите критериуми“, пишува Аделхајд Вулфл.

Ова не е прва анализа во весник или на меѓународна институција во кој се заклучува дека реформите во земјава даваат резултат. Стејт Департментот и Европската Комисија во своите редовни извештаи, велат дека реформите и чекорите кои се преземаат во однос на демократијата и владеењето во земјава даваат резултати, односно тие се препознаени. Дополнително, се потенцираат и точките каде што се уште има предизвици на кои треба да се работи.

Слични содржини