Дерек Човин, Џеј Александар Кенг, Томас Лејн и Ту Тао се обвинети за убиството на Џорџ Флојд. Полицијата во Минеаполис ги објавила нивните досиеја.
Дерек Човин
Дерек Човин бил претходно предупредуван и суспендиран, откако една жена, во 2007 година, се пожалила дека непотребно ја извлекол од автомобилот, ја претресеол и ставил во полициско возило затоа што возела 16 километри на час побрзо од границата на брзината, според документи кои биле објавено од полицијата во Минеаполис.
Покрај тоа, ново објавените документи заклучуваат дека Човин бил предмет на внатрешни истраги уште 17 пати, но овој настан е единствениот што е јасно опишан во документот од 79 страници објавен од полицијата. Најголемиот дел од овие списоци е затемнет така што текстот не е видлив.
:овин морал да напише извинување по инцидентот со оваа жена, а при тоа бил и суспендиран. За време на овој инцидент, камерата на полицискиот автомобил била исклучена.
Дерек Човин, како што не се наведува во документите, објаснил дека на почетокот на смената заборавил да провери дали е вклучена камерата, како и дека го оставил микрофонот во автомобилот.
Во жалбата против одлуката за суспензија, Човин изјавил дека поминал извесно време во армијата, односно воената полиција, како и дека во текот на деведесеттите бил чувар и готвач во ресторанот на Мекдоналдс.
Џеј Александар Кенг
Кенг бил полицаец само шест месеци пред настанот во кој беше убиен Џорџ Флојд. Тој бил примен како кадет во февруари 2019 година, а официјалната титула како полициски службеник ја добил во средината на декември, според неговото досие.
Тој претходно работел како службеник за односи со јавност со полицијата, а дипломирал социологија на Универзитетот во Минесота.
Некое време, тој работел во обезбедувањето на стоковната куќа „Мејси“ и редел полици во „Таргет“. Гимназија завршил во Минеаполис пред осум години.
Останатите информации за него се исто така цензурирани, па останува нејасно дали тој претходно бил осуден, како и дали е државјанин на САД.
Тој бил отпуштен на 26 мај, ден по убиството на Џорџ Флојд. За него се вели дека бил отпуштен поради неговиот нестандарден став и кршење на полициската политика, како и фактот дека не запрел друг полицаец додека користел диспропорционална сила.
Томас Лејн
Според неговото досие, Лејн не завршил средно училиште, но тој подоцна ја добил оваа диплома со преку онлајн-настава. На крајот, тој дипломирал криминологија на Универзитетот во Минесота.
Тој бил примен во полициската академија минатата година, но две години порано започнал да работи како службеник за условна казна. Тој волонтирал да работи со деца од Сомалија.
Ту Тао
Тао работел некое време во Мекдоналдс и во локалните продавници, пред да се вработи во општинските служби во Минеаполис. Поминал две години таму, пред да биде отпуштен од работа заради намалувањето на буџетот. Тој бил без работа две години, пред да биде примен во полиција. Завршил средно училиште и се запишал во виша школа, но никогаш не дипломирал.