Полицаецот Дерек Шовин беше прогласен за виновен по сите три точки од обвинението за убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд.
Тој останува во притвор уште неколку дена, по што ќе биде префрлен во затвор на издржување на казната.
Шовин претходно се изјасни за невин по сите три обвиненија и се повика на Петтиот амандман, односно одби да одговори на прашањата на поротниците и обвинителите. Тој е обвинет за ненамерно убиство од втор степен, убиство од трет степен и убиство од втор степен. Тој претходно не бил осудуван, па судијата го зел предвид тоа во неговата одлука.
Братот на Џорџ Флојд пред пресудата изјави дека „сè ќе биде добро“ и присуствуваше на пресудата.
За судбината на Дерек Шовин одлучуваа 12 поротници, шест белци и четворица Афроамериканци. Тие ја разгледуваа пресудата вкупно 10 часа, во текот на два дена.
Претседателот на САД, Џо Бајден, го следеше изрекувањето на пресудата и беше најавено дека ќе се обрати на јавноста по завршувањето на судењето.
Белата куќа соопшти дека претседателот ќе се обрати „што е можно побрзо“.