Дервишева: Бараме спас за приватното здравство, капитациониот бод е покачен само 40% за 20 години

од Nikola Popovski
294 прегледи

Ова е третпат како бараме спас за опстанокот на приватното здравство, но нема фидбек од другите две страни. Со Фондот немаме преговарано веќе неколку години и постојано имало преговори ноември/декември за да ги договориме деталите. Сега проблемите се наталожени. Се е поскапено, како и во светот со инфлацијата. Капитацијата не е димензионирана за вакви давачки. Крајно време е за нов модел од следната година, а сега најважно е на целото здравство да им се покачи капитациониот бод и покачување на буџети, вели Претседалката на здружението на приватни лекари, Лилјана Чокалова Дервишева.

Според неа, капитациониот бод кај стоматолозите е 48 денари, што сметам е толку понижувачки.

-2018 година последен пат се покачи, односно само 40% за 20 години, додека сите давачки се отидени 120%. Бараме нов модел за се ова да оди линеарно, за докторот да отиде од Велес во Градско или Чашка. Давачките се големи, хартии, скоро се. Ако народот и владата не ни дава, како да покачиме просечна плата на оние амбуланти за кои и самиот министер призна дека се со мали капитации. Мора да се седне и да се движат нештата, рече Дервишева во емисијата „Утрински брифинг“.

Дервишева додава дека финансиите не треба да се поместуваат, и кога ќе си замине докторот.

-Пациентите да останат во матичните ординации. Битна е услугата. Ако докторот дава услуга, треба веднаш кога ќе дојде нов доктор да му се даде нова плата, појасни докторката.

Слични содржини