Десерт од антиката кој нè прави здрави

од Vladimir Zorba
167 прегледи

Многу од рецептите за здравје кои стигнале до нас датираат од длабока древност. Таков  е и овој рецепт, за кој се смета дека е од пред илјадници години и бил користен во Античка Грција.14c21cf89edad1367fc28b7a3e0c1f72

Тоа е рецепт за нешто како енергетска бомба, лековит десерт и со одличен вкус. Тој се споменува во “Илијада” на Хомер под името “Intrion”. Се состои од две суперхрани – мед и сусам. Тие се неверојатен извор на цинк, влакна, магнезиум, калциум , антиоксиданси, калиум, бакар , витамини.

Здравата комбинација која може да ја јадете во секое време од денот или како десерт содржи сè од што вашето тело има потреба, за да функционира правилно. Може да ви помогне да го прилагодите нивото на шеќерот во крвта, нарушувањата на срцевиот ритам, високиот крвен притисок , а и ќе ви ја подигне енергијата.ee9b89132dffe7d8e7b7f136e4026182
Според новото истражување сусамот и медот може да ни помогнат да бидеме упорни во моменти на стрес, да се подобри состојбата при депресија. Што ќе ви биде потребно за правење?

Потребен ви е убав, квалитативен мед и сусам таан. Во кујнски блендер измешајте малку таан со мед, па да се добие густа смеса, која ќе ја обликувате во џамлии. Потоа по желба извалкајте ги во сусам и ставете во фрижидер да се стегнат. Јадете од оваа здрава комбинација секој ден по 2-3 џамлии.