Десет починати од корона, од кои пет во периодот од 21 до 28 ноември

од Nikola Popovski
240 прегледи

Согласно последните ковид-бројки на Министерството за здравство, во земјава починале 5 починати лица, како последици на тешката болест.

Според билансот, 2 починати лица се од Скопје (82г и 82г), по едно починато лице од Свети Николе (68г), Кратово (88г)и Демир Хисар (55г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 5 починати лица со датум на смрт од 21.11.2021 до 28.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (3), Прилеп (1), Кичево (1). Починатите лица се на возраст од 29 до 79 години. Двелица се починати во домашни услови и три лица во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.301,бројот на оздравени пациенти е 203.574, на починати е 7.641, а бројот на активни случаи изнесува 6.086.

Слични содржини