Десетици мигранти се удавија во Медитеранот (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 57 лица се удавија во понеделникот откако нивниот брод се преврте во близина на либискиот брег, последната во низата трагедии на Медитеранот, соопшти Меѓународната организација за миграција (ОИМ).

„Најмалку 57 мигранти се удавија денес во бродолом близу Комс“, прецизира ОИМ, пренесува „Хина“.

Градот Комс се наоѓа на скоро 120 километри оддалечен од Триполи, на либискиот брег.

Според преживеаните префрлени на брегот од страна на рибарите и крајбрежната стража, „најмалку дваесет жени и две деца беа меѓу оние кои се удавија“, објави портпаролот на ОИМ, Сафа Мешели, на Твитер.

Слични содржини