Дескоска: Министерството за правда не дало одобрение за употреба на името Ванчо Михајлов

од Nikola Popovski

Поранешната министерка за правда, Рената Дескоска информира дека во 2019 година кога е регистрирано бугарското здружение „Иван Михајлов“, побарано е одобрение од Министерството.

-Министерството тогаш НЕ ДАЛО одобрение за употреба на името Иван Михајлов. Министерството за правда го известило и подносителот на барањето дека не може да даде согласност за употреба на името Иван Михајлов. Известувањето дека не може да се даде согласност, значи дека немате согласност од надлежниот орган!, објави Дескоска.

Според неа, овој случај покажува дека треба веднаш да почне постапка за носење измени на законот за здруженија и фондации во кои ќе се пропише јасна постапка за регистрирање на истите, јасни критериуми кои имиња би биле забранети за употреба и да се предвиди компетентна комисија која ќе оцени дали одредено лице е историска личност и да дава предлог за одобрување или не одобрување на употреба неговото име.

Во саботата се случи приватна посета на речиси целиот државен врв на Бугарија за отворање на Клуб во Македонија кој го носи името на соработникот на  фашистите во Втората светска војна, Иван Ванчо Михајлов, од страна на здружение финансирано од бугарската држава.

Слични содржини