Дескоска на местото на Заев на чело на Советот за реформа на правосудниот сектор

од desk2
87 прегледи

Владата денеска на 134. седница ја усвои информацијата со која претседателот на Владата на своја иницијатива, се повлекува од местото претседател на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022 година).

Владата, соопшти владината служба за информирање, утврди дека оваа функција ја презема министерката за правда Рената Дескоска.