Дескоска: Наша заложба е ограничувањата да бидат минимални

од Aleksandar Todeski
493 прегледи

Она што е различно од вчера, е тоа што владата може да носи Уредби со законска сила. Настапија околностите од членот 125 од Уставот за воведување вонредна состојба. Одлуката има важност најмногу 30 дена, што значи дека ако се смири ситуацијата, вонредната состојба може да биде прекината, но ако епидемијата продолжи, таа може да биде продолжена со нова одлука, рече министерката за правда, Рената Дескоска.

„Самото прогласување не значи промена или ограничување на човековите права или начинот на живот на граѓаните, но постои уставна можност за ограничување на правата за ограничување на човековите права за време на вонредна состојба, ако има таква потреба. Граѓаните треба да знаат дека ниедно ограничување не смее да биде дискриминаторско по основ на пол, раса, боја на кожа, вера, национано или социјално потекло, имотна или оптшествена положба. Ограничувањето не смее да се однесува ниту на правото на живот, ниту на забраната на мачење, ниту на правната одреденост на казнивите дела и казните, како и слободата на уверување, совест, мисла, јавно изразување и веросиповед. Не смее да има нечовечко постапување и казнување“, посочи Дескоска.

Министерката потенцираше дека заедничка заложба на владата е ограничувањата да бидат минимални. Вели, гласањето за одлуката за вонредна состојба била најтешкото нешто што го направила во животот, додвајаќи дека според неа, тоа е државничка одлука.

„Нашата заедничка заложба е ограничувањето на правата да биде минимално и само кога е нужно. Колку повеќе се придржуваме до мерките, толку полесно ќе ја пребродиме кризата и нема да бидат потребни нови мерки за ограничување на правата на граѓаните. Затоа апелирам сите доброволно и совесно да ги почитуваме препораките, за да нема потреба од построги ограничување. Од сите нас зависи колку ќе се користат мерките кои се на располагање на владата. Самата вонредна состојба не занчи органичување на движење, не значи полициски час, не значи затворање на продавници и слично. Се уште важат мерките кои се донесени од владата, а тоа не значи автоматско воведување на нови мерки, практично исто е како и пред воведување на вонредна состојба, само што сега владата доби поголеми надлежности“, истакна Дескоска.

Слични содржини