Деспотовски: Државата за помалку од 10 години може да очекува поврат на доделените државни средства по разни основи

од Nikola Popovski

Директорот на ДТИРЗ, Јован Деспотовски при денешното потпишување договор за државна помош помеѓу Владата на Република Северна Македонија и турската компанија Пурпласт, која инвестира во ТИРЗ Скопје 2,нагласи дека ова е втората објава на инвестиција во ТИР зоните во само 45-те дена од новата 2021 година, а воедно го презентираше пактотот за државна помош кој се содржи во договорот кој е потпишан со Пурпласт.

„Технолошко индустриските развојни зони стануваат сè поотворени за странските инвеститори. Во 45 дена веќе ја покажуваме и втората конкретна инвестиција со која склучуваме договор. Турската компанија Пурпласт е новиот инвеститор во ТИРЗ Скопје 2. Започнува со почетен инвестициски циклус од 5,1 милион евра и 50 од вкупно предвидени 200 вработени, наши сограѓани. Платите ќе се движат од 20.000 до 75.000 денари, сегмент кој внимателно ќе го следиме. Како Влада и како ТИРЗ продолжуваме со презентирање на конкретни резултати. Воведовме нова пракса на профилирање на инвеститорите и правење домакински есап. Истиот покажува дека државата може за помалку од 10 години да очекува поврат на доделените државни средства по разни основи. Наша цел е со посебни механизми кои ги развивме да ги поттикнеме инвеститорите што побрзо да ја искористат државната помош и побрзо да почнат да враќаат во државниот буџет“, рече директорот Деспотовски.

Слични содржини