Течат роковите за избор на наследникот на Димитар Ковачевски. СДСМ до крајот на месецов ќе има нов претседател. Последниот рок за поднесување кандидатури истекува в четврток, на 6-ти јуни. Кандидатите треба да имаат најмалку 5 – годишно членство во СДСМ и најмалку еднаш да биле избрани од страна на конгресот за член на некој од органите на партијата. Освен лична и партиска биографија, кандидатите треба да достават и 4 – годишна програма за работа.

Партијата освои само 18 пратенички мандати на последните избори, што е најслаб резултат за СДСМ воопшто од кога се организираат изборни процеси во земјава.

Вонредните внатрепартиски избори во СДСМ ќе се одржат на 30-ти јуни.