Деспотовски: Изборот беше да седам и да си коментирам во кафеана или да се вклучам  и да дадам придонес во СДСМ

од Берта Китинска

Сакам да верувам дека трката за лидер на СДСМ почнува од 0:0, секако право на Заев е да каже што мисли, но на крајот верувам дека ќе подаде рака на победникот, вели Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ во Студио 10 .

-Секаде има ниски удари, но научен сум со предизвици, СДСМ е голем предизвик, мојот `Концепт 28` е подготвен, 25 години сум во партијата.Подготвен сум за предизвикот.Размислував долго, амбицијата постоела кај мене, изборот беше да седам на страна и да си коментирам во кафеана или да се вклучам внатре и да дадам придонес. Се одлучив за второто, сметам дека е чесно да влезам, вели Деспотовски.

Слични содржини