Деспотовски: Мојата кандидатура не беше пазар, сакам и понатаму да придонесам како директор на ТИРЗ

од Nikola Popovski
329 прегледи

Мојата кандидатура за лидер на СДСМ не беше пазар. Влегов со срце и чиста намера. Сакав да покажам дека во политиката не мора се да биде пазар, вели директорот на ТИРЗ и член на СДСМ, Јован Деспотовски во емисијата „Само вистина“.

Тој смета може да придонесе како директор на ТИРЗ и понатаму.

-Покажуваме дека може да се испорачаат реални резултати. Уште од првиот ден на мојот мандат во Дирекцијата реков дека фокусот ќе биде на платите и добивката на државата, а не сликањето и сечењето ленти. Останувам посветен и сакам да ја завршам работата, вели Деспотовски.

На прашањето на новинарката што мисли за информацијата дека актуелниот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски се сретнал со поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски и дека разговарале за обединување на партијата, Деспотовски смета дека не треба да се прави обединување меѓу поранешни и сегашни функционери на партијата.

-Треба да зборуваме за обединување меѓу луѓето. Мандатот на Ковачевски е за потребата на луѓето и да покажеме дека вистински сме ја сфатиле пораката на граѓаните, додава Деспотовски.

Слични содржини