Деспотовски: Мора да најдеме начин со третиот сет на мерки да се вратат приходите

од Aleksandar Petrovski

Јован Деспотовски од Фондот за иновации во отвореното студио на 24 анализа рече дека во овој период економијата е во втор план на сметка на ширењето на вирусот и дека луѓето се исплашени. Тој потенцираше дека зголемениот број на заразени се должи на неодговорното однесување.

Тој вели дека мерките не се задоцнети и дел од нив се реализираат. Првиот и вториот пакет на мерки беа насочени кон компаниите и во одреден дел се реализирани.

„Владата покажа дека може да биде вистински партнер на компаниите. Мора да најдеме начин со третиот сет на мерки да се вратат приходите.“ – рече Деспотовски.

Слични содржини