Деспотовски: ВМРО-ДПМНЕ давале државна помош без никаква логика, ние поттикнавме транспарентност

од Nikola Popovski

Јас досега на сите настани каде сум се појавил, бројките ги покажуваат презентации. Јас не сечам ленти и верувам дека транспарентноста е добра, затоа што поттикнува дискусии, смета директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски на прашањето во однос на транспарентноста на доделувањето на државната помош за компаниите.

Тој потенцира дека поранешниот модел на ВМРО-ДПМНЕ додека беа бласт, бил „да седнат и да се договорат, без никаква анализа и скрининг“.

-Давале државна помш без никаква логика. Државата никогаш не се однесувала како инвеститор, туку како помагач. Нашиот концепт е дека државата е кофинансиер во тие инвестиции, бидејќи даваме буџетски пари. Системот кај што нема ред е направен пред 2017 година. После тоа доведовме ред со донесувањето на Законот за финансиска поддршка, информира Деспотовски во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Слични содржини