
Убиството на рускиот амбасадор во Турција одговара на долгогодишната традиција на политичко насилство во земја каде што несаканите ефекти на сириската војна се продлабочува до состојба на хаос.
Токсичната комбинација од проблеми во Турција ги вклучува и курдските немири во комбинација со чистката во државниот апарат, која следеше не успешниот обид за државен удар во јули. Тоа значи дека за моментов безбедносната ситуација ќе остане исклучително кревка.
Додека Русија и Турција се сомневаат дека убиецот на амбасадор Андреј Карлов бил дел од поширок заговор врз турската влада детално се проверува негова емпатија, или помагање, од исламистички бунтовнички групи во Сирија, кои може индиректно да радикализирале некои млади Турци.
“Тоа е како бумеранг”, вели Халил Каравели од седиште во Шведска Ценралноазиско кавкаски институт и Програмата за студии на патот на свилата.
Тој вели дека комбинацијата од тврдата линија на турскиот национализам и сунитскиот фундаментализам напредува во некои делови на Турција, создавајќи потенцијални можности за појава на насилство во самата земја.
Што и да е го мотивирало напаѓачот Мевлут Мерт Алтанташ – полицаец кој не бил на служба, да пука во амбасадор Карлов на изложба на фотографии во Анкара во понеделникот, тоа не може да биде потврдена. Тој врескаше религиозни фрази и изгледаше дека ги осудува руските бомбардирања врззатворените бунтовници во квартови во сирискиот град Алепо. Пукањето врз амбасадорот им претходи на протестите на Турците, кои ја критикуваа руската поддршка за сирискиот претседател Башар Асад.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го обвини движењето и исламскиот проповедник Фехуллах Гулен за убиството, додека Русија изјави дека заклучоците треба да бидат оставени на истражните органи.
Гулен веќе беше обвинет за спречениот обид за воен удар во јули, кој наложи воведување на вонредна состојба во земјата, пораки што се уапсени околу 38 илјади лица и отстранети повеќе од сто илјади луѓе од државна служба.
Турција и Русија, кои беа во тешки односи последната година, го опишаа убиството како обид да се спречи подобрувањето на соработката меѓу нив, што се надеваат дека доведе до стабилизирање на Сирија и консолидирање на нивното влијание таму.
Политичките сметки во однос на Сирија доаѓаат во момент во кој Турција доживува бомбашки напади, кои ја потресоа владата на Ердоган, која во исто време сака да ја зголеми овластувањата на претседателската функција преку уставни реформи.
Обвинуван за авторитарно однесување, Ердоган триумфално освои уште многу соработници по обидот за преврат, но убиството на рускиот амбасадор му на пречи турскиот народ кој преживува еден од периодите, исполнети со најмногу насилство во последниве децении.
Турбуленции предизвикаа споредби со политичките немири во 70-тите години, кои доведоа до воениот удар во 1980 година. Тогаш левичарски и десничарски политички групи се сретнаа еден против друг, а конечно армијата интервенира за да го врати редот – чекор кој беше употребен со злоупотреба на човековите права од страна на државата.
Овој пат Турција се бори со напади на курдските бунтовници, и има војници во Северна Сирија за да се борат со Курдите и со групата “Исламска држава” (ИД), и прави чистка на наводните следбеници на Гулен. Турција исто така е цел на наводните екстремисти од ИД, откако покажа силна поддршка на групата предводена од САД.
Турската традиција на политичко насилство вклучува и последните години на Отоманската империја на почетокот на 20-тиот век, смета Хауард Ајсенстет, професор по историја на Блискиот Исток на Универзитетот “Сент Лоренс” во Њујорк.
“Колапсот на курдскиот мировен процес, зголемување се авторитаризам на Ердоган и прелевањето на сириската граѓанска војна се надоврзуваат врзт сето тоа, како и обидот за преврат и искуството владата да го мобилизира народот”, коментира Ајсенстет во е-мејл.
Судејќи по минати убиствата или обиди за убиства во Турција, дури истрагата за убиството на Карлов доаѓа до јасни заклучоци, кои сепак ќе останат као прашања:
– Мехмет Али Агџа – Турчинот кој пука и го рани папата Јован Павле Втори, прво изјави дека дејствувал сам. Потоа спомена Бугарија и советските тајни служби како организатори на нападот, а интервенира исто и Иран. Ослободен е во 2010 година, Агџа некогаш имал врски со десна вооружена група во Турција.
– Во 2007 година етничкиот ерменски новинар Хрант Динк, кој добиваше смртни закани поради коментарите за масовните убиства на Ерменците од страна на Турците во 1915 година, беше застрелан пред редакцијата во Истанбул. Двајца осомничени, вклучувајќи тинејџер кој пука, беа уапсени и испратени во затвор, но тврдењата дека се прикриваат припадници на безбедносните сили, кои ги игнорирале предупредувањата дека Динк ќе биде нападнат, се влече во судот од години.
– Минатата година Тахир Елчи – курдски адвокат, кој раководеше со адвокатската комора во Дијарбекир во југоисточна Турција, беше убиен додека даваше изјави за новинарите пред џамија. Неговото убиство не е откриено.
Смртта на Карлов е последниот шокантен чин на насилство во Турција – дом за неколку милиони сириски бегалци и терен за бројни безбедносни закани.
“Во земја која е дестабилизирана на овој начин, и која е вмешана во војна од другата страна на границата, веројатноста работите да се влошат е многу голема”, рече Каравели.