392
Летово голем дел од нашите граѓани ќе заминат на одмор во Грција и тоа со своите автомобили.
Според „Вечерње новости“, таму се применуваат следниве казни:
Возење без вклучени светла – 15 евра
Возење без појас – 40 евра
Употреба на мобилен телефон при возење – 40 евра
Превоз на деца надвор од специјалното седиште – 35 евра
Пречекорување на брзината во населби до 30 км на час – 45 евра
Претекнување на полна линија – 150 до 300 евра
Поминување на црвено светло – 300 евра
Меѓутоа, ако сте решиле да го поминете летото во Бугарија, доколку не поседувате парче опрема ќе ве чини 10 евра, возење со невклучени светла 30 евра, ако не носите безбедносен појас ќе платите 25 евра, а претекнување преку полна линија ќе ве чини дури 50 евра.