Во сообраќајната несреќа што се случи ноќеска на регионалниот пат Кочани-Пониква загинала триесет и едногодишна девојка, откако автомобилот влетал во бездна. Автомобилот го управувал триесет и осумгодишен жител на кочанското село Облешево.
„Автомобил „фолксваген туарег“, со бугарски национални ознаки, управуван од И.А(38) од кочанско Облешево, излетал од коловозот. Во несреќата животот го загуби 31 годишната М.Б. од кичевското село Прибачево која била сопатичка во автомобилот. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Другата сопатничка, Е.Г.(28) од с.Василево, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кочани, а со телесни повреди се здобил возачот“, информира МВР.
На терен излегле и од противпожарната единица од Кочани кои помагале лицата да се извлечат од превртениот автомобил.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.