Нов инцидент во српските основни училишта се случи денеска во основното училиште „Втори октомври“ во Зрењанин. Четиринаесетгодишна ученичка со нож нападнала една година помлада ученичка во училишниот тоалет.
Повреденото девојче било префрлено во Ургентниот центар на болницата Зрењанин, каде што била прегледана и згрижена.
Во нападот се здобила со полесни повреди.
Интервенирала и полицијата, а девојчето осомничено за нападот е приведено и случајот се истражува.