Детали од нападот во Шведска: Тешко повредени ученици, полицијата пронашла бомба

од Stefanija Kuzmanovska
343 прегледи

Четири лица се повредени и пренесени во болница во шведскиот град Ескилстуна денеска по инцидент класифициран како обид за убиство, соопшти локалната полиција, додавајќи дека не постои сомнеж за тероризам.

Полицијата го окарактеризира инцидентот како обид за убиство или убиство од небрежност, а била употребена и бомба, јавува шведскиот јавен сервис СТВ.

Шведската ТВ4 објави дека меѓу повредените има и ученици од локално училиште, иако тие не биле на училиште во моментот на инцидентот.

„Имаше некаква тепачка меѓу неколку лица. Не знаеме дали се работи за две или повеќе групи луѓе, но се работи за неколку лица“, изјави портпаролот на полицијата.

„Нема информации дека тоа е поврзано со тероризам“, додаде портпаролот.

Полицијата соопшти дека нема уапсени и одби да коментира за возраста или состојбата на повредените.

Слични содржини