Министерството за внатрешни работи (МВР) излезе со детали за синоќешното бегство на затвореник од затворот Идризово и нападот на затворската полиција која го спроведувала.
Според полицијата, затвореникот бил однесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ каде му се укажувала медицинска помош.
-На 12.01.2023 г. во 23,20 ч. четворица вработени во Затворска полиција кои биле со комбе „форд транзит“ на Затворската полиција побарале помош од полициски службеници на СВР Скопје, откако, според нивната пријава, додека вршеле спровод на осуденик Б.М. , од КПУ Идризово кон Ургентен центар „Мајка Тереза“, на автопатот, осуденикот му го одзел пиштолот на возачот И.Х. (вработен во Затворска полиција), пукал и го ранил И.Х.. Потоа осуденикот избегал со патничко возило „ауди“. Повредениот вработен во Затворската полиција е пренесен во Ургентен центар за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР за „Локално“.
Н.П.