Тинејџер од Индијанаполис беше уапсен во понеделникот под сомнение дека пукал со пиштол во пет членови на неговото семејство, пренесува „Њујорк пост“.
Момчето наводно се обидело да ја напушти куќата без дозвола, но бил запрен од неговиот татко, кого момчето, заедно со уште четворица членови на семејството, ги убил со пиштол.
Полицијата ги идентификувала жртвите, вклучувајќи ги сопружниците Кези (42) и Рејмонд (42), синот Илијџа (18), ќерката Рита (13) и ќерката Кјара Чајлдс (19) и нејзиното неродено дете.
Напаѓачот беше уапсен во понеделникот откако полицијата го пронајде во предградие на Пејнфилд, Индијанаполис.
Помладиот брат Илијџа го преживеал пукањето и пријавил во полиција дека неговиот брат бил бесен поради забраната за излегување и дека тргнал по целото семејство. Прво го застрелал својот татко, а подоцна започнал да пука кон остатокот од семејството.
Шефот на метрополитенската полиција во Индијанаполис, Рандал Тејлор, објави дека осомничениот во моментов се соочува со обвиненија за обид за убиство и му се заканува максимална казна.
„Вчера ветивме брза правда за овој грозоморен чин. Денес го исполнивме“, порача началникот на полицијата на Твитер.
Злосторството ја шокираше целата заедница, која имаше само пофални зборови за семејството.
„Не можам да верувам дека некој може да стори нешто такво. Јас бев нивна прва сосетка и секогаш си помагавме“, рече Вики Пинкстон, првиот сосед на семејството Чајлдс.