Детали за погребот на кралицата Елизабета Втора

од Stefanija Kuzmanovska
218 прегледи

Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе се одржи во понеделник, на 19 септември. Погребот треба да започне напладне по средноевропско време во Вестминстерската опатија во Лондон. Британците ќе добијат уште еден слободен ден.

Кралицата Елизабета Втора ќе биде закопана во ковчег обложен со олово, толку тежок што ќе треба да го носат осум носители наместо стандардните шест. Ковчегот обложен со олово е всушност ковчег во ковчег, пишува Телеграф. Направен е од специјализираната компанија „Хенри Смит“, основана во 1869 година, а затворена во 2005 година.

Оловен ковчег е потребен, велат тие, бидејќи кралицата ќе биде погребана во Спомен гробницата на кралот Џорџ Шести, нејзиниот татко.

Компанијата изработила ковчег и за војводата од Единбург, како и ковчези за познати личности како Фреди Меркјури и Џими Хендрикс.

Кралицата Елизабета Втора ќе биде погребана во понеделник на 19 септември. Погребот треба да започне напладне по средноевропско време во Вестминстерската опатија во Лондон. Британците ќе добијат уште еден слободен ден. Достоинствениците ќе патуваат до Вестминстерската опатија со автобуси со придружба и „поради строгите безбедносни и ограничувања на патиштата“ од нив ќе биде побарано да не патуваат со своите приватни државни возила, според документите што ги видел „Политико“.

Слични содржини