Детали за синоќешното пукање во Тетово: Истрелани 30 куршуми кон куќа полна со луѓе

од Nikola Popovski
130 прегледи

Нема повредени по оружениот инцидент што се случил синоќа во Тетово, кога кон куќа било пукано од автоматско оружје околу 21 часот и 15 минути. Во СВР Тетово било пријавено дека ова се случило на улица „111“ во населбата „Теќе“.

– Било пријавено дека непознати лица кои биле со мотоцикл-скутер, од автоматска пушка пукале во куќата сопственост на М.Т. од Тетово и истите веднаш се дале во бегство. Веднаш било постапено во однос на пријавата каде било констатирано дека немало повредени лица и на самото место биле пронајдени околу 30 чаури од автоматско оружје. Во моментот на пукањето во куќата биле сопственикот со неговото семејство и на куќата биле забележани оштетувања, информираат од Тетовската полиција.

Според информациите, сторителите носеле маски на своите лица.

За случајот е известен е јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот, додека увид врши екипа при СВР Тетово

Слични содржини