Детали за тешката сообраќајка кај Битола: Загинал 42-годишник, 18 лица во болница

од Nikola Popovski
709 прегледи

42-годишен битолчанец, кој бил совозач во патничкото возило „Пежо“, е загинатиот во тешката сообраќајна несреќа која вчера попладне се случи на патот Битола-Демир Хисар, извести СВР Битола. Со возилото управувал 36-годишниот К.Ј. од Битола.

Во комбето имало 18 работници и возачот, 25-годишниот А.С. од село Вирово. Сите се пренесени во битолската Клиничка болница каде што им е укажана лекарска помош.

Од СВР Битола потврдија дека во сообраќајката која се случила во 14:57 часот учествувале патничко возило „пежо“ и комбе, и двете со битолски регистарски ознаки.

Од Обвинителството известуваат дека јавен обвинител од ОЈО Битола извршил увид на самото место заедно со вешто лице.

Во тек е истрага за причините за тешката сообраќајна несреќа.

Слични содржини