Детали за убиството на тиктокерката Ноа (18): Полицијата во станот на осомничениот затекнала ГРОЗОМОРНА СЦЕНА

од Vladimir Zorba
538 прегледи

Во центарот на Белград денеска е откриено злосторство во кое е убиена Ноа Миливојев (18) од Ковиље по која се трагаше од 17 јуни. Полицијата утврдила дека се работи за брутално убиство кога во бањата од станот на улицата Цар Лазар 11а, каде се случило злосторството, забележала црни кеси, во кои биле пронајдени делови од телото на несреќната девојка.

Имено, полицијата во кесите пронашла розови плетенки по кои била препознатлива тиктокерката, што само ги потврди сомнежите дека се работи за Ноа Миливојев.

Инаку, соседите од зградата на О.Д, кој е осомничен за убиството на Ноа, наведуваат дека во дворниот стан каде што се случило убиството ноќе се собирале мажи со сомнителен изглед и дека пријавиле во полиција.

Инаку, уапсениот О.Д. бил сослушан по исчезнувањето на Ноа бидејќи нејзините родители во полиција рекле дека кобниот ден отишла кај него дома. Меѓутоа, во таа прилика О.Д изјавил дека не знае каде е Ноа, што на полицијата не и изгледало убедливо.

После тоа, О.Д. повторно бил сослушан и тогаш полицијата се уверила дека тој знае повеќе отколку што кажува.

Полицијата денеска упаднала во неговиот стан и за жал, во бањата ги пронашла остатоците од телото на Ноа Миливојев спакувани во кеси.

Тој во полиција го признал делото. Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело тешко убиство на свиреп и подмолен начин, на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен пред надлежното обвинителство.

Слични содржини