Дете од Гостивар почина на фудбалски тренинг

од Nikola Popovski
41 прегледи

Дете од Гостивар било итно пренесено во болница откако му се слошило, но лекарите не успеале да го спасат, информираат од СВР Тетово.

„На 03.10.2024 во 20.22 часот во СВР Тетово, од Општа болница Гостивар било пријавено дека со екипа од Итна медицинска помош од стадионот во населба Дутлок бил донесен малолетник од Гостивар без знаци на живот.

Според пријавеното, на шестгодишното дете му се слошило и паднало за време на фудбалски тренинг, а по неколку обиди за реанимација лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство“, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар во содејство со јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Слични содржини