
Гените на мајката се оние кои одредуваат каква ќе е интелигенцијата на детето. Таткото тука не игра улога. Ова го покажуваат различни истражувања и лабораториски експерименти од блиското минато, собрани во публикација во специјализираното списание “Psychology Spot” цитирано од “Индипендент”.
Гените на интелигенцијата се пренесуваат во Х-хромозомот, бидејќи жените имаат два, тие имаат и двојно поголема шанса да ја пренесат оваа информација на бебето, отколку мажите со својот еден хромозом.
Во прилог на ова, сепак шансата интелегенцијата да се наследи од таткото се сведува на минимум и поради откритието дека гените на таткото за когнитивни и ментални функции кај наследникот во многу случаи се деактивираат автоматски. Кај нормалното формирање на ДНК на фетусот има точно определени врски и законитости кои се почитуваат и наследувањето на интелигенцијата е една од нив, коментираат научниците.
Експеримент со глувци покажал дека кај новороденчињата глувци со доминантни гени од мајката телото се развива помалку, но тие пројавуваат поголема меморија. Оние наметнуваќи се на својот татко, имале здрави тела и помали мозоци.
Истражувачите откриле клетки во шест различни делови на мозокот кои содржат само мајчиното или само гени на таткото. Оние на мајката секогаш биле на местата кои се одговорни за когнитивните вештини, а на таткото – во системите каде владејат екстремитетите. Тие не откриле сепак ниту еден наследен машки ген во мозочната кора, каде се одвиваат најсложените мисловни активности.
Универзитетот во Глазгов ја проверува истата теорија од 1994 година досега, како и тоа дека секоја година ја испитува на над 12.600 луѓе меѓу 14 и 22 години и трага по психичкото и интелектуалното ниво и развој. Многу фактори биле земени предвид за да се открие од каде доаѓа интелектот, вклучувајќи расата, образованието, социо-економските услови, но најсилно билеи блескавите законитости при што откриле и коефициентот на интелигенција на нивните мајки.
Важното објаснување што го прават од Универзитетот во Вашингтон, сепак, е дека не е сè е во гените. Според истражувањето формирањето на интелигенцијата на зрелиот човек е 40% наследство и 60% воспитување и средина. Се разбира, мајката игра ограмна улога и за второто со специјалната врска која има со своето дете, но барем тука и таткото може да помогне.
Веста дека интелигенцијата е наследена од мајките брзо ги обиколи светските медиуми и социјалните мрежи. Веднаш се појавија и други тези. Списанието “Форбс” на пример појаснува дека нема основа да се смета дека двата хромозоми Х на жените даваат двојна шанса за пренесување на когнитивниот ген на бебето, бидејќи тие имаат различни карактеристики и содржат различна генетска информација. Само една од двете може да пренесе генот на бебето – иста како онаа која има и во ДНК на мажите. Тоа значи дека шансата за генетско наследство и од двете страни е еднаков, смета “Форбс”.
Како демант други потсетуваат и истражување од минатата година на Медицинскиот универзитет во Северна Каролина, според кое иако децата наследуваат подеднакво гени од двајцата родители, многу доминатни и значајни за формирање на новиот човек се оние на таткото.