Ова не е првпат деца на славните да ги следат родителите во оваа професија. Децата на Никол Кидман и кантри пејачкот Кит Урбан така ги направија своите први чекори во кино.

Девојките ги даваат гласовите на ликовите во анимацијата „Лути птици: филм 2“, објави Контакт мјузик.
Со гласот на постарата ќерка на ѕвездата, 11-годишната Санди Роуз го оживува ново изведеното жолто пиле по име Лили.
Помладата, 8-годишна Фејт Маргарет, го синхронизира новото пурпурно пиле Беатрис.
Девојките на Никол Кидман и Кит Урбан веќе го направија своето телевизиско деби – во втората сезона од серијалот „Големите мали лаги“ во кои глуми мајка си, потсетува магазинот.