Децата на возраст од 12 до 15 години се главните ПРЕНОСИТЕЛИ на коронавирусот, има само едно решение

од Берта Китинска

Главниот медицински службеник во Велика Британија, професорот Крис Вити, изјави денеска дека децата се моментално главните преносители на коронавирусот и дека без вакцинација, скоро сите на возраст од 12 до 15 години може да се заразат во одреден момент.

-Дефинитивно постои значителен пренос на вирусот во оваа возрасна група. Всушност, возрасната група за која зборуваме е онаа со најголема стапка на пренос во моментов, колку што можеме да кажеме – рече професорот Вити пред пратениците на состанокот за да проценат дали на децата на возраст од 12 до 15 години треба да им се понудат вакцини против коронавирус.

Ќе биде понудена вакцина за децата во таа возрасна група, откако Вити и неговите колеги минатата недела рекоа дека вакцинацијата ќе биде корисна за децата и при намалувањето на пречките во образованието, пишува Ројтерс.

Вити посочи дека оваа препорака се фокусира исклучиво на благосостојбата на децата од оваа возраст и дека не е дадена од политички причини.

-Практично, секое невакцинирано дете најверојатно ќе се зарази во одреден момент – предупреди тој и додаде дека вакцинацијата може да го намали тој ризик.

Слични содржини