Детска клиника и Максилофацијална хирургија со нови директори

од Ивана Рамаданова
611 прегледи

Доктор Наташа Најдановска-Алулоска е назначена за нов медицински директор на Универзитетската клиника за детски болести на местото на досегашниот директор Катарина Ставриќ, соопшти Министерството за здравство по објавените јавни конкурси за именување директори во јавните здравствени установи.

Од таму информираат дека на местото на досегашниот директор Славе Наумовски на Универзитетската клиника за хирургија на лице, вилици и врат – максилофацијална хирургија, е назначена д-р Даница Поповиќ-Моневска.

Во останатите јавни здравствени установи, кои беа опфатени со овој конкурс, за директори се именувани досегашните вршители на должност.

Доктор Насер Муареми е назначен за в.д. организациски директор на Универзитетската клиника по кардиологија, а Џемиле Јусуфи за в.д. медицински директор во Универзитетскиот институт по клиничка биохемија.

Слични содржини