Детските игралишта во Охрид во стравична состојба (Видео)

од desk4
111 прегледи

 Жителите на Општина Охрид се жалат дека детските игралишта во градот се во многу лоша состојба.

 
Покрај оштетените реквизити, насекаде се забалежува и отпад, како и неискосена трева, што наместа достигнува и до еден и пол метар.
Туристите забележуваат дека можеби и самите жители се виновни за состојбата на реквизитите, како и за расфрланиот отпад.
Директорката на ЈП „Градски пазар“ – Охрид, посочува дека во скоро време ќе биде извршена репарација на сите детски игралишта.
Кристина Крлеска Деспотоска изјави за МИА, дека во скоро време во Охрид ќе биде изграден нов рекретивно-забавен парк за деца. Таа истакна дека на игралиштето ќе бидат поставени и реквизити наменети за деца со посебни потреби, со цел и тие да имаат место каде да се забавуваат.
Симона Митровска  МИА