Девет автобуси и комбиња од Гостивар биле технички неисправни, четири имале проблеми со сопирачките

од Nikola Popovski
423 прегледи

МВР информира дека денеска е спроведена акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници на поширокото гостиварко подрачје, претежно автобуси и комбиња.

При контролата, откриени и законски санкционирани се 9 неисправни возила. Четири од нив имале неисправни сопирачки, едно неисправен уред за управување, додека четири биле со неизвршен технички преглед, соопшти полицијата.

Неисправните возила (5) биле исклучени од сообраќај и на возачите изготвени им се соодветни поднесоци.

Слични содржини