Утрово во 02:40 часот, во близина на автобуската станица во Кичево, при преглед на патничко возило „Мерцедес“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.К.(21) од Скопје, пронајдени и одземени се четири ќеси со кокаин и една со марихуана.
-Тој, заедно со сопатниците В.А.(21), Д.Г.(20), Д.О.(20),М.Т.(19), А.Т.(19), М.Б.(20), Ф.К.(20) и А.Т.(20), сите од Скопје, се приведени во полициската станица во Кичево. По целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава, соопштија од МВР.