Девет пациенти ја изгубија битката со корона, пријавени уште седум во периодот ноември-декември

од Nikola Popovski

Последните ковид-бројки покажуваат и 9 смртни случаи во земјава. Црниот биланс по градови изнесува 3 починати лица од Скопје (87г, 78г и 62г) и по едно починато лице од Кавадарци (60г), Струга (83г), Струмица (72г), Кочани (59г), Штип (73г) и Свети Николе (86г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително пријавени се 7 починати лица со датум на смрт од 22.11.2021 до 04.12.2021. Регистрираните починати лица се од Велес (2), Скопје (1), Гостивар (1), Охрид (1), Струмица (1) и Кичево (1). Починатите лица се на возраст од 44 до 82 години. Две лица се починати во домашни услови и пет лица се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.775, бројот на оздравени пациенти е 204.474, на починати е 7.674, а бројот на активни случаи изнесува 5.627.

Слични содржини