Девојче има повисок IQ од Ајнштајн и Хокинг: Страда од аутизам, трпела насилство на училиште

од Vladimir Zorba

Девојче (9) од Мексико има супер висок коефициент на интелигенција, 162 – и овој број ја става малку над познатите научници Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг.

Адара Перез од Мексико Сити ја тестира својата интелигенција уште од четиригодишна возраст.

Сега има девет години и студира за две дипломи: една по инженерство на системи на Универсидад ЦНЦИ, а другата за индустриско инженерство по математика на УНИТЕК. И двата се во Мексико.

– И кога имав девет години, мајка ми не ми дозволуваше да користам тостер во случај да не ја запалам куќата – рече девојчето.

Своите интереси ги насочи кон Универзитетот во Аризона, каде и беше понудено место да студира астрономија, а сега се свртува кон англискиот јазик, за да може да го оствари својот сон.

Адара, на која и беше дијагностициран аутизам кога имала три години, се надева дека еден ден ќе стане астронаут во НАСА.

Пред дијагнозата, малата Адара стана мета на сурови насилници кои ја задевале затоа што била поинаква, пренесува Ladbible.

Според нејзината мајка, Налели Санчез, Адара играла во куќата кога децата ја заклучиле внатре. Почнале да и викаат дека е чудна.

– Почнаа да удираат по куќата, тогаш таа ми рече дека повеќе не сака да оди на училиште, падна во депресија – рече нејзината мајка.

Сепак, токму оваа интеракција открила дека девојчето е генијалец.

После настаните на училиште, нејзината мајка ја одвела на терапија и таму психијатарот и препорачал на Адара да оди во Центарот за грижа за таленти, каде што и биле извршени разни тестови за интелигенција, и таа постигнала резултат 162.

За споредба, се верува дека Ајнштајн и Хокинг имале 160.

Девојчето завршило средно училиште кога имала само осум години и сега работи на својата диплома преку Интернет.

Како тоа да не е доволно импресивно, девојчето пишува и книга.

Слични содржини