Девојче преживеало 5 дена во бразилска прашума

268 прегледи

Четиригодишното девојче пронајдено е живо откако пет дена преживеало само во прашума, јадејќи овошје и пиејќи вода од поток.

Ана Виториа Соарес Кардоса била пријавена како исчезната на 29 декември 2019 година во руралното подрачје на заедницата Рио Манива, северен Бразил. Последен пат била видена како си игра со осумгодишната сестра во кану. Откако исчезнала, семејството се плашело дека ќе се удави бидејќи не знае да плива.

Викнале итна помош, а три нуркачи биле повикани за помош во потрагата и спасување, пренесува Дејли мејл. Локалниот шеф на пожарникарите, Росивалдо Андраде, на новинарите им рекол дека со денови го барале девојчето во реката, за кое верувале дека се удавило.

„Податоците кои ни ги дадоа роднините не наведоа да веруваме дека починала и дека не може да оди во шумата“, рекол Андраде.

Но на 2 јануари, четиригодишното девојче било пронајдето од нејзин близок роднина во прашумата, на 2 километри одалеченост од местото каде била последно видена.

Андраде рекол дека е вистинска среќа што ја пронашле.

„Во близина немало опасни животни кои би можеле да ја нападнат, но тоа не го менува ризикот кој го претставува прашумата“, додал.

Мајката на девојчето, Родилете де Соуз Соарес, им рекла на новинарите дека девојчето преживеало јадејќи овошје и пиејќи вода од потокот.

„Седела на дрво, но не можела да оди. Ја најде роднина“, додала.

Девојчето било однесено во болница во градот Сантана каде останува на посматрање, но се очекува дека ќе се опорави потполно.

Слични содржини