Девојче во Германија по грешка добило вакцина против корона

од Stefanija Kuzmanovska
261 прегледи

Во Германија деветгодишно девојче по грешка било вакцинирано против коронавирусот, а детето се чувствува добро.

Според полициското соопштение во Центарот за вакцинација во Бобинген, во областа Аугсбург, вакцинирано е дете, чиј татко поднел пријава.

Во тек е истрага која, според тамошните медиуми, треба да утврди како детето ја примило вакцината.

Вакцината требало да му биде дадена на таткото, кој закажал термин, на кој дошол со својата ќерка.

Според медиумите, лекарот кој требало да ја спроведе вакцината го прашал девојчето дали се плаши од инекции.

Во моментот кога ја дезинфицирал раката на детето, таткото сметал дека станува збор за шега. Меѓутоа, веднаш потоа, лекарот ја дал вакцината од компанијата Бионтек-Фајзер на малото девојче.

Оваа вакцина во моментов е дозволена само за лица над 12 години.

Според медиумите, девојчето се чувствува добро по вакцинирањето.

Слични содржини