Инстаграм моделот Холи Валентај тврди дека ја банирале од Тиндер бидејќи другите корисници го пријавувале нејзиниот профил, мислејќи дека е премногу атрактивна за да биде вистинска.
Девојката од Калифорнија има 1,2 милиони следачи на Инстаграм, каде редовно објавува фотографии во оскудни изданија.
Како што вели, иако не е срамежлива пред камера, се затвора во себе кога запознава нови луѓе, па така решила да им даде шанса на апликациите. И биле потребни неколку часа за да добие тон пораки дека нејзиниот профил е сигурно лажен, а после тоа Тиндер и забранил повторно логирање.
На крајот, не успеала да договори ниту еден состанок.
„Многу патувам и сакав да излезам на состанок да запознаам нови луѓе за време на патувањата, па така го платив најскапиоп пакет бидејќи така можете да ја менувате локацијата“, раскажала.
„Ме ќинеше 86 долари, што е скапо за апликација. Користев јасни фотографии, направив се што требаше, свртев надесно на неколку луѓе, најдов неколку спојувања и тогаш започнав да гледам Игра на тонови. По неколку часа кога се обдов да се вратам на апликацијата, видов само неколку пораки, а потоа ме исфрли од апликацијата. Она што го видов на пораките беше дека профилот сигурно е лажен, зошто девојка како мене би имала профил и зошто не им враќам“, додала Холи.
Таа објаснила дека направила мало истражување и открила дека луѓето можат да те исфрлат од Тиндер па е уверена дека некои ја пријавиле. Таа барала да и бидат вратени парите од Епл и Тиндер, но засега не ги добила.