Девојка била допирана по телото во непосредна близина на својот дом

Според Кумановската полиција, девојката пријавила дека едно лице ја следело и ја допирало по телото во непосредна близина на домот каде што живее

од Nikola Popovski
20 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Девојка од Куманово пријавила дека била следена и допирана по телото во близина на својот дом.

– На 29.12.2025 година, околу 17:20 часот, во Секторот за внатрешни работи Куманово, 29-годишна жена пријавила дека едно лице ја следело и ја допирало по телото во непосредна близина на домот каде што живее, соопштија од СВР Куманово.

Од Секторот за внатрешни работи истакнуваат дека веднаш се преземаат сите неопходни мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.