Девојка киднапирана во Струга, по седум часа пронајдена во болница во Скопје

од Nikola Popovski
34 прегледи

22-годишна скопјанка била повредена откако насилно била внесена во автомобил во Струга.

– На 12.06.2025 во 04.30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека околу 02.00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Струга, лицето А.Н. и уште едно лице со употреба на сила ја внеле С.Е.(22) од Скопје во патничко возило и заминале од местото. Во 09.11 часот во СВР Охрид, лекар од Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје пријавил дека С.Е. побарала помош кај нив и ѝ биле констатирани телесни повреди, информираа од полицијата за случајот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини