Еден од најсмртоносните напади за време на конфликтот меѓу Хамас и Израел се случи на музички фестивал во Израел, во близина на границата со Газа. Илјадници милитанти на Хамас упаднаа на настанот убивајќи цивили и земајќи луѓе како заложници.
Најмалку 260 тела се веќе извлечени од местото на фестивалот, а многу луѓе се уште се водат како исчезнати.
Хила Факлиро била келнерка на фестивалот „Супернова“ и за „Скај њуз“ изјавила дека нападот започнал со проектили кои летале над нив, а посетителите веднаш се стрчале да се сокријат.
Таа објасни како лежела на земја половина час пред да отрча кон нејзиниот автомобил во обид да избега. Но, како што вели, полицијата го затворила патот.
„Кога се свртевме, видовме повеќе од 20 терористи во црна облека како пукаат насекаде. Тоа беше како полигон за обука“, рече таа. „Тие само пукаа во сè. Ако имаше некој жив, набрзо беше мртов“, додава таа.
'I heard the terrorists singing and laughing.'
Hila Fakliro was bartending at the Supernova festival when Hamas gunmen stormed the event.
She describes how she ran for hours and later found out that some of her friends were kidnapped and others killed.https://t.co/dzWdLdrNBG pic.twitter.com/Csk8H2DNaK
— Sky News (@SkyNews) October 11, 2023
„Терористите пееја и се смееја“
Таа истакнува дека тогаш не разбирала што се случува.
„Луѓето врескаа и трчаа наоколу додека ни се приближуваа терористите. Излегов од автомобилот и се обидов да се сокријам – сфатив дека сум сама. Дури подоцна го видов мојот пријател кој ми викна да бегам. Полицијата ни кажа да трчаме кон исток“, објаснува Хила.
Истрчале околу 100 метри, а кога се свртеле виделе 20-тина напаѓачи како пукаат насекаде.
„Изгледаше како темен дожд. Пукаа во сите, без разлика на пол, возраст, националност. Сфативме дека или ќе бегаме или ќе нè убијат“, вели Факлиро.
„Во позадина слушавме луѓе како врескаат и плачат, а особено се сеќавам дека ги слушнав терористите како пеат и се смеат. Не разбирав зошто го прават тоа што го прават. Трчавме четири часа, околу 15 километри Бевме без вода и не знаевме во која насока се движиме“, истакна таа.
„Познавам четири лица кои загинаа и имам двајца пријатели кои се исчезнати. Мразам што ќе го кажам ова, но се надевам дека не се живи бидејќи не можете ни да замислите што им прават“, рече таа.