Девојка од Белград го пријавила својот партнер од Македонија дека се обидел да ја силува

од Nikola Popovski
232 прегледи

Девојка (18) во петокот се јавила во полиција во Белград и пријавила дека момчето со кое живее се обидело да ја силува, пренесуваат српските медиуми.

Таа во кратка изјава рекла дека македонскиот државјанин ја зграпчил за вратот и се обидел да ја соблече затоа што одбила да води љубов со него. Како што се додава во извештајот, тој не ја повредил.

Поради тоа, српската полиција го привела Д.М. (21) од Македонија.

За случајот е информирано надлежното обвинителство, кое врз основа на сведочењето ќе одлучи дали станува збор за кривично дело, пишуваат српските медиуми.

Слични содржини