Полицијата информира дека вчера попладне во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Ванчо Питошески“ во Охрид, од зграда паднала Н.К.Д.(29).
Девојката веднаш била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.
-Се работи на расчистување на настанот, соопштуваат од МВР.