Девојката на Роналдо на диета до раѓањето

од Vladimir Zorba

Кристијано Роналдо неодамна потврди дека неговата девојка Георгина Родригез е бремена и тој ќе стане татко по четврти пат. 23-годишната убавица исто конечно проговори за темата и сподели дека е на строга медитеранска диета.

“Јас сум семејно ориентиран човек. Обожавам деца, природа и животни. Сакам да внимавам и за себе па затоа спортувам и сум на балансирана исхрана. Се обидувам да консумирам природни производи и да избегнувам тешки меса, па се придржувам медитеранска диета “, коментира убавицата цитирана од Daily Mail.

Прекрасната бринета најверојатно е во петтиот месец и според гласините очекува девојче. За Георгина ова ќе е прво дете, додека за Роналдо – четврто. Фудбалерот има 7-годишен син Кристијано Џуниор и близнаците Ева и Матео, кои се родија во јуни оваа година во американска болница. И трите наследника на ѕвездата се од сурогат мајка. Неодамна во интервју за кинески медиум успешниот фудбалер изјави дека сака да има 7 деца.

Блиски до двојката споделија пред португалски весник: “Тие се многу среќни со фактот дека ќе имаат бебе. Сите ја обожаваат Георгина и се задоволни дека токму таа е негова партнерка “.

Убавицата е половина Шпанка, половина Аргентинка и се запознава со легендата Роналдо минатата година во продавница на Gucci во Мадрид, каде што е обична продавачка.

Слични содржини